Connect with us

Општини

Менди Ќура со благодарност до граѓаните за поддршката, го обвини опонентот за притисок врз граѓаните и вработени во администрацијата

Независниот кандидат за градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, кој заедно со против кандидатот од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Арсим Далипи одат во втор круг во трката за градоначалничката функција, денеска на прес-конференција се заблагодари за поддршката од граѓаните што ја доби во првиот круг од локалните избори и најави дека кампањата ќе ја продолжи со истата политичка култура и во наредните две недели.

– Со оглед на тоа што мојот опонент, кој повеќе пати упати јавен апел, не го одржува зборот и не се повлекува, ве информирам дека нашата кампања продолжува со истиот нов дух во актуелната политичка култура и во наредните две недели, рече Ќура.

Тој обвини дека НАИ продолжила, како што нагласи, да ги користи своите стари методи, со уцена на граѓани, притисок врз директорите и вработените во администрацијата и купување гласачи, како и, вели, пазарење со партии како Левица.

– Иако е тешко кога се соочувате со структури како НАИ, производ на ниска политичка спојка. Две партии се стопија во едно тело, кршејќи го секој принцип и достоинство, само за да обезбедат еден мандат на власт и еден мандат сиромаштија за Струга. Сепак, политичките пазари и игри повеќе немаат моќ кај народот. Стружани повеќе не дозволуваат никој да си игра со нивната интелигенција и достоинство, истакна Ќура кој е поддржан од Коалицијата ВРЕДИ.