Фудбал
Тудор за поразот од Комо: Не упативме ниту еден вистински удар

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, се осврна на вчерашниот пораз од 2:0 на гостувањето кај Комо во 7. коло од Серија А.
– Сакавме да продолжиме напред, сакавме да притискаме, а понекогаш дури и бевме добри против тим кој игра квалитетен фудбал. Беше тежок натпревар против добро организиран тим. Во првото полувреме го примивме тој гол уште на самиот почеток од слободен удар кој не требаше да се прими. Во второто полувреме, играта беше многу фрагментирана поради фаулите и нивното однесување. Сакавме да направиме нешто со двајца напаѓачи, но не можевме. Имав чувство дека се заканувавме, но не упативме ниту еден вистински удар, рече хрватскиот тренер на прес-конференција.
Јувентус загуби за прв пат оваа сезона во Серија А, по три победи и три нерешени резултати. Тимот на Тудор е шести на табелата со 12 бода.
октомври 21, 2025