Connect with us

Општини

Во Кавадарци се гласа на 60 избирачки места

Во Кавадарци денеска на локалните избори, се гласа на 60 избирачки места, кои се отворени навреме. Гласањето се одвива непречено. 

– По избирачки список, со право на глас имаме запишано 31.956 гласачи, информира Емилија Петровска, претседателка на Општинска изборна комисија Кавадарци. 

На овие избори, жителите на општина Кавадарци имаат можност да гласаат за тројца кандидати за градоначалници и девет листи на кандидати за советници.

Во текот на вчерашниот ден изгласаа 86 бoлни и изнемоштени лица.