Connect with us

Фудбал

Барселона во последните минути до победа над Жирона, Флик исклучен пред Ел Класико

Барселона вечерва на домашен терен ја победи Жирона со 2:1 во 9. коло од Шпанското фудбалско првенство.

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри, го отвори резултатот во 13. минута. Во 20. минута, Аксел Витсел од Жирона, изедначи, Араухо во третата минута од судиското продолжение и донесе победа на Барселона. 

Тренерот на домаќините, Ханс Флик беше исклучен во 90. минута.

Барселона има 22 бода и е прва на табелата. Тимот ќе игра против Реал Мадрид на гостински терен на 26 октомври. Реал е на второто место со 21 бод и ќе игра против Хетафе.

Жирона е 19. на табелата со шест бода.