Connect with us

Општини

Во Крива Паланка ќе гласаат 218 болни изнемоштени лица

Во Oпштинската изборна комисија Крива Паланка е примен избирачкиот материјал за локалните избори во недела, кога правото на глас ќе можат да го остварат вкупно 16 534 граѓани регистрирани во Eдинствениот избирачки список. Денес своето избирачко право ќе можат да го остварат болни и изнемоштени лица, при што пријавени се 218 граѓани и двајца жители на Општина Крива Паланка кои престојуваат во дом за стари лица.

Исто така, ќе можат да гласаат 12 лица кои престојуваат во одделението на Казнено поправна установа затвор, Крива Паланка.

Во Крива Паланка во недела ќе се гласа на вкупно 47 избирачки места.

На списокот на лица од оваа општина кои се во странство се запишани 749 граѓани.

На локалните избори во недела граѓаните на Крива Паланка ќе одбираат помеѓу двајца кандидати за градоначалник, Сашко Митовски од СДСМ, актуелен градоначалник и кандидат за втор мандат и Оливер Алексовски од ВМРО – ДПМНЕ, додека има и пет кандидатски листи за советници од: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Левица и коалицијата “Искуство за успех”.