Connect with us

Општини

Во Кавадарци гласаат 91 болно и изнемоштено лице

Во Кавадарци, ден пред локалните избори што ќе се одржуваат во недела на 19 октомври,  ќе гласаат 91 болно и изнемоштено лице. 

– По избирачки список, со право на глас имаме запишано 31.956 гласачи, појасни Емилија Петровска, претседателка на Општинска изборна комисија Кавадарци. 

На овие избори, жителите на општина Кавадарци имаат можност да гласаат за тројца кандидати за градоначалници и девет листи на кандидати за советници.