Connect with us

Општини

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Професионалци, луѓе со интегритет ја сочинуваат „Братска листа“ на Демократската партија на Србите во Македонија за Куманово, изјави денеска носителот на листата Иван Стоиљковиќ.

„Иако, станува збор за исклучително квалитетна листа, ние никаде не споменавме дека сме победничка листа. Иако, сите кажуваат дека нивните листи се победнички, а составот на листите е таков што кумановци не ги познаваат. Ние се бориме да бидеме листа која одлучува. Мојот и повикот на ‘Братска листа’ е повик до граѓаните да ни ја укажат довербата да ги контролираме одлуките на Советот на општина Куманово и градоначалникот, не заради лукративни причини, туку зашто градот треба редовно да функционира, рече Стоиљковиќ.

Тој кажа дека во текот на целата кампања немаат кажано ништо против ниту еден опонент, зашто „не нудат програма за справување со луѓе, туку програма за спарување со проблемите во градот“. Листата, според Стоиљковиќ, ќе се залага за решавање на сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг простор, со јакнење на локалниот економски развој, креирање услови за поддршка на младинското вработување.