Општини
Китански пред граѓаните на Пехчево: Нова енергија за развој на локалната заедница

На трибината организирана во Пехчево, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“, Александар Китански, истакна дека неговата главна цел за наредниот мандат е развојот на општината преку конкретни проекти и дела кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните.
Китански нагласи дека неговата визија за Пехчево се темели на реалните потреби на граѓаните, а не на празни ветувања. Тој посочи дека ќе се инвестира во локалната инфраструктура, водовод и канализација, ќе се поддржи земјоделството и сточарството, ќе се унапреди образованието и здравството, како и развојот на туризмот, културата и спортот.
-Пехчево заслужува Градоначалник кој ќе го слушне секој граѓанин и ќе работи за доброто на сите. Нашата кампања не е против никого, туку е за обединето и просперитетно Пехчево, порача Китански.
На трибината тој ја промовираше и листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“ за Општина Пехчево, носител на која е Миле Гошевски. Китански истакна дека советниците се соседи, пријатели и колеги на граѓаните, кои ќе работат за транспарентно и одговорно управување со општината и за реализација на конкретни проекти.
-За успехот на општината потребен е силен, чесен и посветен тим. Со мојот тим на советници, заедно со граѓаните, ќе продолжиме да го развиваме Пехчево и да создадеме услови за младите да останат и работат во својот роден крај, нагласи Китански.
Тој ги повика граѓаните да излезат на локалните избори на 19 октомври и да го дадат својот глас за број 9 – за него како кандидат за градоначалник и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“.
-Да покажеме дека Пехчево може и ќе може уште повеќе! Да живее Пехчево, да живее Република Македонија, заклучи Китански.
На трибината учествуваше и пратеникот и член на извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки, а преку видео порака кандидатот за градоначалник Китански доби поддршка и од премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги повика граѓаните на Пехчево на 19 октомври да ја дадат поддршката за бр.9.
На трибината во Пехчево, поддршката од гражаните за градоначалникот Александар Китански и кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ побара пратеникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,при што нагласи дека целта е граѓаните да ја гледаат својата иднина во Пехчево и во околните села и маала, преку модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, сигурно водоснабдување и подобри услови за младите.
-Нашата мала, но преубава општина, спој на природата и традицијата, е доказ дека со работа, верба и љубов, секој успех е возможен“, истакна Ковачки. Тој потенцираше дека Китански во претходниот мандат бил секојдневно меѓу граѓаните, ги слушал нивните потреби и активно учествувал во реализација на капитални проекти, како изградба и реконструкција на улици, училишта и јавни објекти.
Пратеникот подвлече дека секој успешен проект, како и секој насмеан граѓанин, зборува за трудот и посветеноста на локалната власт.
-Александар Китански не се плаши од работа ниту од предизвици. За него, успехот се мери со тоа колку животи се подобрени и колку семејства имаат подобар ден, додаде Ковачки.
октомври 16, 2025