Connect with us

Општини

Осум избирачки места во Тетово се префрлаат во нови објекти

Општинска изборна комисија Тетово информира за промена на објектот за гласање на осум избирачки места. Тоа се места кои се наоѓаат во двата училишни објекти кои во моментот се реконструираат. Станува збор за објектот на познат како „Старо медицинско“ кај реката и Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ односно „Текстилно школо“.

-Избирачки места 1925,1926,1927, 1927/1 со објект на гласање објект „Стара Медицина“ ќе бидат привремено префрлени во објекто на Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ на улицата „Браќа Миладинови“, бр 134 -Тетово, информираат од ОИК Тетово. 

Исто така избирачки места 1941, 1941/1 1942 и 1942/1 со објект на гласање Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ ќе бидат префрелни привремено во објектот на Општинска Јавна установа детска градинка „Младост“ на улица Браќа Миладинови бр. 1.