Connect with us

Општини

Постолов: Ќе обезбедиме парцели по цена од 1 евро квадрат и бесплатни проекти за типски куќи за младите брачни парови до 35 години во Пробиштип

Сите велиме младите се нашата иднина, треба тука да останат, но што ние навистина правиме и што можеме да направиме за младите?

Со вашата доверба и поддршка на почетокот на мандатот на градоначалникот Тони Тоневски, со поддршка од советниците ќе се започне со урбанизација на нов простор за изградба на куќи со поволности токму за младите брачни парови.

Ќе се обезбедат поволен број на парцели по цена од едно евро за квадрат за сите кои сакаат да си изградат свои домови а за младите брачни парови на возраст до 35 години ќе се намалат комуналиите и ќе обезбедиме бесплатни проекти за типски куќи.

Ќе вложуваме сега денес за нас младите и за нашите деца, да имаат подобро утре. Ќе ја градиме иднината заедно овде во Пробиштип. За тебе, за твоето место, за твојата иднина.