Connect with us

Општини

Манчев: Асфалтиравме 40 улици во Босилово, во следниот период ќе се реконструираат уште 13

Во овој момент во општина Босилово се работи на асфалтирање на 5 улици и тоа улица во село Сарај, улица во село Иловица , со средства обезбедени од Буџетот на Општина Босилово. И улица во Моноспитово, улица во Старо Балдовци, улица во Гечерлија, со средства обезбедени со поддршка на Владата на Република Македонија.

Меѓутоа, она што е најважно, покрај овие 5 улици на кои што се работи во моментот, важно е да се спомне дека Општина Босилово има потпишано договори со фирми изведувачи, и во наредниот период ќе бидат асфалтирани уште 13 улици во нашата општина и тоа: улица во Босилово од бетонскиот одводен канал до патот со Радово, потоа улица во Босилово од патот со Радово до Зоки Милев пилот, и трета улица во Босилово од Јоско Лазаров до Шолева Данка.

Покрај овие три улици, во Босилово ќе се асфалтира и улица во Дрвош, позади училиштето, улица во Петралинци и тоа улицата од мостот кај црквата до патот спојот со Старо Балдовци. Улица во Еднокуќево ќе се асфалтира исто така, кај Васко Жежов. Потоа улица во Робово кај Павле Пандев. Улица во Моноспитово отпочнувајќи од Славе Мишев до Душко Јованов. Потоа во Моноспитово, од Коцев Драги до Велешанов Мојсеј, и улици во Моноспитово од Ване Паунов.

Продолжуваме со асфалтирање на улица во село Секирник или улицата кај Димо.

Понатаму продолжуваме со асфалтирање во Сарај и тоа улицата кај Каваџи, и улицата кај спортското игралиште, т.е фудбалскиот терен во село Сарај.

Нашата цел е во наредните две години во општина Босилово, да нема ниту една неасфалтирана улица. Секој граѓанин на општина Босилово, заслужува да има пристоен пат до својот дом. Затоа ве повикувам на 19 октомври да излезете и да го дадете својот глас за бројот 9, за да ја направиме општина Босилово пристојно место за живеење за секој еден нејзин граѓанин.