Connect with us

Општини

ВРЕДИ: Гостивар се дави во долгови, време е за промени по осум години пропаст со досегашната власт

Во прекрасна атмосфера и полна со енергија, ВРЕДИ вечерва го одржа централниот митинг во градот Гостивар, на кој стотици граѓани се собраа да ја искажат силната поддршка за кандидатот за градоначалник, Сабедин Даутин.
Митингот докажа дека Гостивар одлучил за нов правец, по осум години пропадната локална власт, која го удави Гостивар во долгови со недостаток на транспарентност.

Огнената атмосфера, навивањата и знамињата во рацете на граѓаните беа јасен знак дека промените веќе започнале.
Програмата ВРЕДИ за Гостивар носи современа инфраструктура, одржлив превоз, чиста вода и канализација за секој дом.

Исто така, акцентот е ставен на квалитетно образование, активна младина и чиста и зелена средина, каде Гостивар ќе биде пример за град кој слободно дише.
Вечерашниот митинг ја потврди моќта на граѓанското движење кое го обединува Гостивар под еден идеал, а тоа е вистинската промена со Себаудин Даутин.
На 19 октомври Гостивар ќе зборува со ЕДЕН ГЛАС, гласот на храброста, надежта и иднината која почнува со ВРЕДИ.