Општини
Во сабота 166 болни и немоќни лица ќе гласаат во Куманово

Во сабота, на 18 октомври, во Куманово ќе гласат 166 болни и немоќни лица, информираше денеска за МИА, претседателката на Општинската изборна Комисија, Кристина Цветковска.
– Поднесени беа 199 барања, 33 се отфрлени, прифатени се 166. Инаку, во казнено-поправната установа затвор Кшање ќе гласаат 116 осудени лица, додека во старечкиот дом за гласање се пријавени 58, изјави Цветковска.
Во општина Липково, според претседателката на ОИК Липково пријавени биле 406 болни и немоќни, отфрлени биле две барања и ден пред избори ќе гласаат 404 болни и немоќни.
Претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски информираше дека имало 22 пријавени, прифатени биле 19 лица кои ќе гласат во сабота, ден пред изборите.
октомври 14, 2025