Connect with us

Општини

И денеска едночасовна блокада на сообраќајот кај двојниот мост во Кочани

 Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и денеска го блокираа булеварот „Стево Теодосиевски“, непосредно пред двојниот мост. Оваа локација е клучна крстосница во градот. Остануваат на ветеното – блокирање на сообраќајот се до започнување на судскиот процес.

–  Секое одложување на процесот за нас е нож во веќе отворена рана. Се надеваме дека институциите ќе се разбудат, дека совеста ќе проговори, дека нема да има одолговлекувања, им порача на судиите што го работат случајот со пожарот во кочанската дискотека, мајката на починатиот Андреј Стојанов.

Револтот на родителите што ги загубија најмилите во мартовската несреќа во Кочани, како што тие велат, е резултат на изјави на адвокати на обвинети според кои самото судење може да трае и 15 години.

Вчера и денеска блокадата започна во 15:15 и трае до 16:15 часот.