Connect with us

Општини

Ружински: Систем на јавни електрични велосипеди и тротинети – нов чекор кон модерно Берово

Кандидатот за градоначалник на Берово од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ружински, го најави проектот за воведување на систем на јавни електрични велосипеди и тротинети, со кој, како што рече, ќе се следат светските трендови во одржливиот урбан транспорт.

Според Ружински, преку едноставна мобилна апликација, граѓаните и туристите ќе можат лесно да се движат низ градот и околните туристички места, што ќе придонесе за намалување на сообраќајната гужва, почист воздух и современ изглед на општината.

– Со овој проект воведуваме европски и светски практики во Берово. Целта е градот да стане поеколошки, подостапен и привлечен за младите и туристите, истакна Ружински.

Тој додаде дека ваквиот систем ќе биде поддржан со одредени точки за полнење и паркирање на возилата, како и со поврзана дигитална инфраструктура која ќе обезбеди безбедност и ефикасност во користењето.

– Берово заслужува да биде зелен, чист и модерен град. Ова е чекор напред кон европско Берово, порача Ружински.