Скопје
Поставена нова вертикална сигнализација за еднонасочен сообраќај на улицата „Белградска“ во Скопје

Поставена нова вертикална сигнализација за еднонасочен сообраќај на улицата „Белградска“ во Скопје. Како што информираат од ЈП Улици и патишта, на сообраќајницата во насока од булевар „Мајка Тереза“ кон улицата „Димче Мирчев“, согласно основен сообраќаен проект, воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај.
– Изминатиов викенд екипи на ЈП Улици и патишта на улица „Белградска” ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај. На оваа сообраќајница во насока од булевар „Мајка Тереза” кон улица „Димче Мирчев” согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај, стои во соопштението.
ЈП Улици и патишта апелира до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно решение на оваа сообраќајница.
октомври 14, 2025