Скопје
Костовски: Радишани доби нов модерен парк

Населеното место Радишани, доби нов модерен парк. На површина од десет илјади метри квадратни поставивме, урбана опрема, ново лед осветлување, и едно убаво модерно детско катче.
Конечно во Радишани се оствари долгоочекуваната желба на Радишанци да имаат место за рекреација, за возрасни и за деца.
Ние младите во Радишани, конечно добивме нов парк за релаксација и дружење.
Пензионерите од Бутел дефинитивно добија убаво место за рекреација. Овде беше се запустено, со години чекавме, но дефинитивно, ќе има каде да седнеме, да одмориме, и да дружиме, да размениме, мисла.
Нека е аирлија!
октомври 14, 2025