Connect with us

Скопје

Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски од црната листа на САД во втор круг

Маја Мојсова да каже, дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски од црната листа на САД во вториот круг?

СДС, Филипче и Заев перфидно ја наместија Маја Мојсова да глуми статист на овие избори, да собере одреден број на гласови за да има втор круг во Карпош.

Маја Мојсова знае дека губи, и знае дека Филипче и Заев се испазариле со Стевчо Јакимовски да му дадат гласови во вториот круг.

Прашањето е дали Маја Мојсова ќе се понижи до толку и ќе тргне по паметот на Зоран Заев и Венко Филипче и ќе го поддржи Стевчо Јакимовски, за кој САД отворено велат дека е криминалец и за кој постои пресуда во Македонија за криминал што го сторил.

Дали Маја Мојсова ќе ја одигра улогата на марионета до крај или сепак ќе покаже карактер и ќе се спротистави на бизнис договорот Филипче – Заев – Стевчо?

Маја Мојсова да каже и да не молчи. Дали ќе го поддржи во втор круг Стевчо Јакимовски, осуден криминалец на црната листа на САД и дали ќе повика да се гласа за него.