Connect with us

Скопје

Георгиевски: Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ ќе изградиме нова спортска сала

Во изминативе години, вложивме значајни ресурси за развој на спортската инфраструктура. Со јасна цел, да создадеме современи услови за активно и здраво живеење на граѓаните, а особено, на младите генерации.

Во наредниот мандат продолжуваме со исполнување на таа цел. Токму на ова место во основното училиште „Браќа Миладиновци“, ќе изградиме нова спортска сала! Со што, ќе обезбедиме современ и функционален простор, за физичко образование, спортски активности и рекреација на учениците.

Овој објект ќе ја подобри спортската инфраструктура во училиштето, ќе овозможи организирање на повеќе спортски настани, и ќе придонесе за здрав и активен начин на живот кај младите.

Од друга страна, постоечката спортска сала ќе ја пренамениме во нови училници, со што освен во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Ристо Крле“, ќе воведеме едносменско работење и во ова училиште.