Connect with us

Ракомет

Вардар по нова победа во Супер лигата

Ракометарите на Вардар попладнево го играат дуелот од 7.коло од Супер лигата. Во Скопје ќе гостува екипата на Прилеп, а „црвено-црните“ се фаворити и ќе се обидат да стигнат доп седмата првенствена победа.

Од оваа рунда утре се играат три натпревари: Алкалоид – Бутел, Пролет – Еурофарм Пелистер 2 и Струга – МРК Куманово.

Поради европските обврски на Тиквеш и Еурофарм Пелистер овие два тима својот дуел ќе го играат на 16.октомври (четврток), додека исто поради настап во ЕХФ Европскиот куп Охрид порано го одигра дуелот со Радовиш и оствари победа од 35:17.