Connect with us

Општини

Денови на македонското пчеларство во Битола

Во Битола денеска и утре се одржува традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ на која освен од земјава се претставуваат и 75 пчелари од соседна Србија.

За т.н. саем на пчеларите традиционална е поддршката на локалната самоуправа, посочи градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој го отвори настанот во овој град.

-Размената на искуства и поддршката на науката е значајни за развојот на пчеларството. Големо е значењето на пчеларството и здравата храна и ова македонско злато токму нашата земја може да го понуди секому, и посебно како битолски бренд. Ако немаме најсовреме компјутер, тогаш имаме мед со најголем светски квалитет и затоа како локална самоуправа продолжуваме со поддршка, истакна Коњановски.

Деновите на македонското пчеларство се одржуваат по 28 пат во Битола.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3