Општини
По смртта на Панчо Минов нов носител на листа за советници е неговата ќерка Лимба Минова Златевска

По смртта на Панчо Минов, нов носител на независна листа кандидати за советници на претстојните локални избори, е неговата ќерка Лимба Минова Златевска. Оваа информација за МИА ја потврди Емилија Петровска, претседателка на Општинска изборна комисија Кавадарци. Минова Златевска е родена 1992 година.
– Подносителите на независната листа, согласно на законот, доставија изменета листа на кандидати за советници. Таа листа, од наша страна е доставена до Државната изборна комисија, подвлече Петровска.
Минов во два мандата беше градоначалник на Кавадарци, а во четири, пратеник во републичкиот парламент.
октомври 9, 2025