Фудбал
Бразил отфрли можност за пријателски натпревар со Русија

Директорот за комуникации на Бразилската фудбалска конфедерација, Фабио Сеишас објави дека оваа јужноамериканска репрезентацијата нема планови да игра против руската репрезентација во 2026 година.
„Таков натпревар не е во нашата програма, бидејќи веќе имаме закажано пријателски натпревари со европски репрезентации на стадионите во САД во март и јуни следната година, што ќе биде дел од подготовките за Светското првенство. Натпревар со руската репрезентација е невозможен“, изјави Сеишас.
Истиот извр посочи дека во моментов нема преговори меѓу Бразилската фудбалска конфедерација и Рускиот фудбалски сојуз.
Руската репрезентација и клубови имаат забрана за меѓународни натпревари од ФИФА и УЕФА од февруари 2022 година. Оттогаш, руската репрезентација игра само пријателски натпревари.
На 10 октомври, руската репрезентација ќе игра против Иран во Волгоград, а на 14 октомври против Боливија во Москва.