Connect with us

Општини

Ќе се реконструираат повеќе улици во Вевчани

Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски потпиша договор за реконструкција на локалната улица на потегот од Трафо Бебекој-Мурџеј-Попој и поставување ново улично осветлување.

Средствата во висина од 2.800.000 денари, како што информира, се обезбедени од Владата, преку вториот повик од Унгарскиот кредит.

Посочи дека деновиве ќе почнат градежни активности за реконструкција и на улицата Каланој.

– Во завршна фаза се и постапките за избор на изведувачи за реконструкција на локалните улици Костојчини и Ќитано плевне-Бебекој, по што и овие улици ќе бидат комплетно реконструирани со изградба на ново улично осветлување, истакна Кочовски.

Според градоначалникот, изработена е техничка документација за комплетна  реконструкција на главната улица Фабрика Вевчанка – Зелен пазар и Стванци-Зелен пазар, а во тек е изработка на техничка документација за реконструкција и на улиците: Центар-Вевчански извори, Аврамој-Кожеј, Попој-Гогој-Алулој, Алулој-Смолејца.