Connect with us

Општини

Комеморативна седница во чест на Панчо Минов утре во Кавадарци

Комеморативна седница во чест на Панчо Минов ќе се одржи утре во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Панчо Минов. Поранешен градоначалник на Кавадарци со два мандата, долгогодишен политичар со 4 мандати како пратеник во републичкото собрание, човек кој остави длабока трага во развојот на нашиот град и во јавниот живот на Република Македонија. Неговата посветеност, искреност и љубов кон Кавадарци ќе останат запаметени за кавадарчани. Неговото влијание во донесувањето на важни законодавни измени ја покажува и посветеноста, искреноста и љубовта и кон Република Македонија, соопштија од кабинетот на Јанчев.

На семејството, пријателите и сите негови соработници им изразија најдлабоко сочувство.

„Нека му е вечна славата. Честа е наша што те имавме. Ја известуваме јавноста дека утре со почеток од 11 часот во Дом на култура ,,Иван Мазов – Климе”, ќе се одржи комеморативна седница во чест на Панчо Минов. Посмртните останки ќе бидат изложени во градската капела од 12 – 13 часот, додаваат од кабинетот на Јанчев.

Минов беше носител на независна листа за Локалните избори 2025