Општини
Проданоски: Субвенционирање на изградба на нови домови за млади, стартување на проектот Сејф Сити, Смарт Сити

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник за општина Прилеп од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1,при што прво посочи дека Прилеп има простор за развој, дека неговата програма го претставува гласот на прилепските граѓани, а тој лично е подготвен да работи заедно со сите општествени чинители во насока на реализација на неговата визија за модерен, зелен и економски силен град Прилеп.
Проданоски се надоврза и потенцираше дека ја бара поддршката од прилепчани за да биде градоначалник за сите граѓани на општина Прилеп, во насока на решавање на нивните проблеми. Воедно ги изнесе проблемите на неговите сограѓани, но и системските решенија понудени во неговата програма, со фокус на мерките за подобрување на условите за останување на младите во Прилеп.
„Прво за да обезбедите пристоен живот на граѓаните во Прилеп, треба да им обезбедите место за живеење, нудиме ревитализација на проектот Градина, во којшто како општина Прилеп би субвенционирале проекти коишто младите луѓе би можеле да ги користат, паралелно би одело со проектот на Владата за субвенционирање за изградба на нови домови. Во образовниот систем продолжување на она што значи тековно одржување на сите училишта, тековно да ги модернизираме, ветуваме конечно заокружување со проблемот на згрижување на деца во предучилишна возраст изградба на уште една градинка со помош на Министерството за социјална политика, демографија и млади“, вели Проданоски.
Проданоски во продолжение посочи дека во топ 10 проекти во неговата програма е и проектот Сејф Сити и Смарт Сити и објасни како е замислено истите да функционираат и која е нивната суштина.
„Со програмата Сејф Сити, вклучување на видео надзор на сите крстосници, на сите влезови и излези од градот, во првата фаза некаде околу 300 камери би биле вклучени. Да се направи контролна соба во општина Прилеп, 24 часовен надзор и согласно на тоа да има поврзаност помеѓу институциите кои се најповикани кога би имало некој инцидент. Воведување на унифициран петоцифрен број којшто би бил единствен за општина Прилеп. А видео надзорот ќе гарантира дека граѓаните би внимавале за одлагање на отпадот и на тој начин да преминеме кон еден побезбеден и попаметен град. А она што значи Смарт Сити, да се постават сензори за намалување на светлината на јавното улично осветлување за да се штеди енергија, унапредување на уличното осветлување и врзување во тој контролен центар“, рече Проданоски.
На крај, Проданоски порача дека поддршката ја бара од сите граѓани бидејќи има сила,тим и програма која ги претставува реалните потреби на прилепчани склопени со финансиската кондиција на општина Прилеп, а во насока на четиригодишен развој и раст на општина преку концептот на заедништво.
октомври 8, 2025