Connect with us

Ракомет

Елче и Сплит ривали за македонските екипи во ЕХФ Европскиот куп за жени

Женските македонски претставници во ЕХФ Европскиот куп денеска ги добија противничките екипи во третата рунда од ова натпреварување.

Шампионот ЖРК Ѓорче Петров за противник ја доби шпанската екипа Елче, против која одигра два натпревара пред две сезони во истото натпреварување кога Елче постигна две победи, а потоа и го освои пехарот во Европскиот куп. ЖРК Ѓорче Петров беше слободен во второто коло. Првиот натпревар се игра во Шпанија, а реваншот е во Скопје.

Вториот македонски тим ЖРК Металург Автокоманда, откако успешно со две победи во втората рунда ја мина екипата на Диферданж од Луксембург, следен противник им е хрватскиот тим Сплит. Првиот дуел се игра во Сплит, а реваншот во Скопје.

Термини за одигрување на првите натпревари се 8/9 ноември, а реваншите на програмата се на 15/16 ноември.