Општини
Сајкоски: Нашата визија е да градиме во секој дел, и во Зајас и во Осломеј, дека тоа е можно Владата докажа за овие 15 месеци

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево во рамки на кампањата за локални избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твое место! За твојата иднина! повика да се даде поддршка за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, докторот Александар Јованоски.
„Познавајќи го докторов, денес имам најлесна задача затоа што тој е хуманист и ќе го направи Кичево добро место за живеење. Ви ветувам дека заедно со сите нас Кичево ќе добие многу инфраструктура, како и работни места. Кичево ќе го добие сјајот што го заслужува. Сигурен сум во тоа бидејќи докторот Александар Јованоски е познат по дела“, кажа Сајкоски.
Сајкоски се осврна и на владеењето на ДУИ во Кичево.
„ДУИ влезе во кампања, ама малку се влезени и во паника бидејќи ја губат поддршката. Зборуваат за национални борби, а ги иселија луѓето од деловите во кои владеат, од Зајас луѓето заминаа. Нашата визија е да градиме во секој дел и во Зајас и Осломеј, и Другово и во Вранештица. Дека тоа може да се направи тоа Владата го докажа за овие 15 месеци“, кажа Сајкоски.
октомври 7, 2025