Општини
Пецаков најави изградба на Младински културен центар во Охрид

Охрид заслужува да биде град каде младите креираат, творат и се забавуваат. Затоа, во следниот мандат, наш приоритетен проект е изградбата на Модерен Младински културен центар (МКЦ) во рамки на поранешната касарна!
Локацијата не е случајно избрана, го трансформираме просторот на поранешната касарна во вистински центар на креативноста и културата. На едно место се спојуваат сите организации и иницијативи, создавајќи жива и инспиративна заедница.
МКЦ не е само зграда. Таа е место каде ќе има простории за сите што сакаат да свират , изложбен салон за младите уметници, простор за работилници, настани и забава.
Го градиме Охрид за младите, го градиме Охрид за сите!
Охрид не запира повеќе!
октомври 6, 2025