Скопје
Пукната водоводна цевка во Влае остави скоро половина Скопје без вода

Поради сериозен дефект на водоводна цевка со пречник од 600 милиметри на улицата „Франце Прешерн“ 100Д во населбата Влае голем дел од гадот е со прекинато водоснабдување, а останатот дел со намален притисок, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што посочуваат, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја потврдуваат информацијата за дефектот и велат дека екипите се на терен и работат на негова санација.
-Поради тоа, без водоснабдување се повеќе општини, меѓу кои Влае и Ѓорче Петров, прецизираат од ЦУК.
октомври 6, 2025