Општини
Проданоски: Нова современа градинка со капацитет за 200 деца во Прилеп

Секој вистински развој почнува со најмалите, но најзначајни чекори, со проекти што создаваат подобра иднина за нашите деца и за целиот град, истакна Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Денес го претставувам проектот за нова современа детска градинка, инвестиција што ќе биде симбол на сигурност, иднина и грижа.
Оваа градинка не е само објект, таа е порака дека Прилеп ќе продолжиме да го градиме со визија и со одговорност кон идните генерации.
На површина од над 2000 метри квадратни ќе изградиме модерен енергетски ефикасен и целосно пристапен објект со безбедна и топла средина за игра, учење и растење.
Со овој проект ќе овозможиме згрижување на 200 деца од предучилишна возраст што значи полесно секојдневие за родителите, нови работни места и зголемен економски развој.
Ова е вистински пример за тоа како инвестицијата во најмладите е инвестиција во целата заедница.
Заедно ќе создадеме Прилеп што расте, се развива и обезбедува достоинствен живот за сите граѓани.
Со модерна инфраструктура со кавалитетни јавни услуги и со вистинска грижа за секој еден жител на општина Прилеп.
Со ваквите проекти што ќе ги реализираме сигурен сум дека чекор по чекор ќе го подобруваме нашиот град, како град на можности, напредок и заедништво.
октомври 6, 2025