Connect with us

Општини

Мицкоски: Од ноември почнува со работа новоизградената градинка во Ангелци, општина Василево, ќе згрижува 53 деца

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека извршиле увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево.

-Извршивме увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево. Градинката ќе згрижува 53 деца до шестгодишна возраст и претставува втора установа од ваков тип во општина Василево, објави Мицкоски на Фејсбук.

Тој додаде дека по преземените активности и дополнителни инвестиции од општината, обезбедени се сите потребни согласности и одобренија од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.

Додаде дека градинката од ноември ќе почне со работа и ќе ги згрижува првите деца.

-Се грижиме за нашите најмали, затоа што тие се иднината и силата на нашата држава, нагласи Мицкоски.