Општини
Тодоров: Ќе се откажам од паушалите, патните трошоци и мобилниот телефон

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кочани подржан од група граѓани, Зоран Тодоров, денеска на прес конференција рече дека првата негова одлука доколку биде избран на таа функција ќе биде откажување од паушалите, патните трошоци и службениот телефон.
-Вчера заврши рокот кога останатите советнички листи можеа да ја потпишат декларацијата со која се откажуваат од советничкиот паушал. До денес никој не се одзва, ниту ја потпиша декларацијата. Доколку не им е јасна или не им се допаѓа, ги замолуваме тие да ја напишат содржината, а ние ќе ја потпишеме – порача Тодоров.
Тодоров на пресот излезе со ветување дека тој и неговата администрација ќе бидат поефикасни отколку сегашните, дека ќе има прецизни рокови за решавање на проблемите на граѓаните и дека Кочани ќе го придвижи во насока да прерасне во еден развиен и модерен град.
октомври 5, 2025