Connect with us

Општини

Во Штип презентирана советничката листа на партијата МААК

Партијата МААК на Локалните избори 2025 година има 21 советничка листа и една листа за градот Скопје, истакна денеска од Штип лидерот на партијата, Страшо Ангеловски при презентацијата на кандидатите за советници и носителот на советничката листа за Општина Штип од партијата МААК.

-Чувствуваме дека на македонските домаќини и на оние луѓе кои седум години во минатата Влада беа дискриминирани, беа бркани од работа, беа шиканирани треба да им се даде простор, да им се даде место, за да учествуваат во изборниот процес и кога нашите носители на листа не кажуваат одредени проблеми, а тоа е затоа што јас им реков дека ниту еден од нас не смее да настапува со „ќе“ Програма, какошто настапуваат другите партии. Затоа што очигледно од таква „ќе“ Програма ниту се гради град, ниту се гради општината. Нашите носители и нашите членови во Советот едноставно ќе треба да ги детектираат сите проблеми со кои се соочува општината, да ги постават уште на првата седница како список на проблеми, да ги достават на Советот на Општина, до новоизбраниот градоначалник и крваво во следните четири години да се борат за нивна реализација, рече Ангеловски.

Носител на советничката листа за Општина Штип од партијата МААК е д-р Ванчо Коцев, којшто кажа дека како идни советници ќе ги детектираат проблемите и ќе бараат да се стават како точки на дневен ред на седниците на Советот на Општина Штип.

-Ако збореме за услови за задржување на младите има една работа, сите партии коишто беа на власт ги избркаа младите. Значи 27 години младите ги избркаа, истите тие ветуваат дека ќе ги вратат младите. Јас мислам дека тие не можат да ги вратат младите. Затоа тука мора да се направат коренити промени, а тоа ние сакаме да го почнеме од основните клетки, а тоа се од општините, посочи Коцев.