Општини
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, денеска беа на увид на ново изградениот булевар.
– Се работи за проект кој го работиме заедно со Светска Банка и се работи за проект со вредност околу 24 милиони денари кои што беа инвестирани – изјави Николоски.
Проектот опфаќа поплочување на тротоари, поставување комплетно нов асфалт, хортикултурно уредување и поставување вертикална и хоризонтална сигнализација.
– Нема да застанеме тука, продолжуваме со поддршка на општината, веќе од вториот повик што го објави Владата имаме определено некаде повеќе од 2 милиони евра само за општина Кичево, на бројни проекти коишто ќе се реализираат на сите на населени места – рече Николоски.
Тој најави дополнителни инвестиции во општина Кичево.
– Сакам да најавам дека после победата на докторот Александар Јовановски, ќе има дополнителна поддршка од Министерството за транспорт од 2 милиони евра само за општина Кичево – рече Николоски.
октомври 4, 2025