Connect with us

Скопје

Филипче од Кисела Вода: За четири години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција

За четири години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за насшиот дом“, што се одржа во скопската општина Кисела Вода.

-Гледам дека Мицкоски сака да кажува басни на митинзите. А зошто раскажува басни? Затоа што тој нема што друго да каже. Четири години ја имаа речиси целата локална власт, и година и пол централната власт, рече Филипче.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фалеле со инвестициите на СДСМ, отворале патишта кои беа веќе завршени.

-Прашањето е едноставно- може ли Мицкоски да наброи две целосно свои инвестиции?  Единственото со што се пофалија беа проекти што СДСМ ги донесе до 98%, 99% реализација. Тие само ја сечеа лентата. Отвораа странски инвестиции по трет, четврти пат. Во Штип одеа по три пати во фабриките, ни кажуваат работниците се смееле. Отвораат улици и патишта што веќе беа завршени. Да не се проектите на СДСМ – Мицкоски нема ни  каде  да се слика, рече Филипче.

Во обраќањето на граѓанската трибина Филипче укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт економијата е на колена.

-Ова е реалноста. Ова е сликата за ВМРО-ДПМНЕ и нивната власт. Лажат, манипулираат и трошат пари за себе, а граѓаните остануваат без иднина, кажаа , Филипче.

 Тој го повика  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, да преземе одговорност ако, како што вели, навистина е против корупцијата и криминалот во државата.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче посочи, дека партијата предводена од Мицкоски имала најголем број кривични пријави, и оти зградата на ВМРО-ДПМНЕ била изградена со народни пари.

-Замислете, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најбогатата политичка партија во Европа, со седиште од 8 милиони евра изградено со пари на граѓаните од даноци, бил против криминалот, рече Филипче.

Тој ја обвини власта за расипничко трошење на јавни средства и партизирано користење на институциите:

-Да ве потсетам: со народни пари си ја платија фирмата што ја работи нивната кампања.  На митинзи одат со службени возила, менито во владата веќе го знаете сите, рече Филипче.

Според него, кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за криминал треба прво да си погледнат во своиете редови. 

-Сите скандали за криминал, тендери по општините, во министерствата кои ги објавивме не ги признаа. Затоа кога зборуваат дека ќе апселе по изборите никого не може да заплашуваат. Нека си погледнат во своите редови, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Кандидатот за градоначалник на општина Кислеа Вода од СДСМ и Коалицијата Горан Трајковски на трибината ја претстави својата програма пред граѓаните, фокусирана на праведна распределба на општинските ресурси, фер можности за сите и човечен, хуман пристап во секоја сфера од живеењето.

-Приоритет ми е Кисела Вода за сите. Во оваа програма, во фокусот се младите и децата, каде ќе обезбедиме бесплатна партиципација за сите деца во градинките, 70 проценти субвенциониран оброк за сите ученици, реновирање на сите градинки и училишта, нагласи Трајковски.

Кандидатот на СДСМ најави и праведен и хуман урбанизам, достапна инфраструктура во сите населби и маала, без разлика дали се работи за Пинтија, Драчево или Усје.

Неговата програма предвидува меѓу другото и ревизија на урбанистичките планови, монтажни и подземни гаражи, реконструкција на улици и мостови, како и решенија за паркирање и водоснабдување. Во економијата планира 1.000 нови вработувања, 100 мали бизниси, бизнис-инкубатор, преквалификации и поддршка за зелени иновации, Социјалната правда вклучува субвенции за самохрани мајки, бесплатни оброци, домашна нега за стари лица, центар за жртви на семејно насилство и пристапност за лица со попреченост.

Пред граѓаните се обрати и кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, со порака дека „Скопје заслужува повеќе. Време е за работа, не за шминка и слики.“ Таа се осврна на ветувањата на актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, чија програма, вели, над 80 отсто останала само на хартија.

Шукова ја претстави својата визија како патоказ за реална промена. Најави 15 нови паркови за 15 месеци, инвестиции во модерен јавен превоз со еко-автобуси, сообраќајни решенија за метежот, како и системско решавање на депонијата Дрисла, која со години го труе воздухот на скопјани.

-Дрисла не е туѓ проблем, тоа е рана на нашиот град. Ќе воведеме модерно управување, 24/7 надзор, и конечно ќе ставиме крај на чадот и дивите депонии. Ова е прашање на здравје, достоинство и правда за сите жители на Кисела Вода, истакна Каја Шукова.