Скопје
Ѓорѓиевски и Стефковски на средба со пензионерите во Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со пензионерите во општина Гази Баба, заедно со сегашниот градоначалник Бобан Стефковски.
Ѓорѓиевски го истакна трудот на Стефковски за грижа кон постарите граѓани преку финансиска поддршка, отворање клубови, подобрување на здравствената грижа и организација на културни и социјални настани.
„Боби покажува што значи вистинска одговорност и човечност, не само за пензионерите, туку за целото општество“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој најави дека во соработка со Град Скопје ќе продолжат инвестициите во Гази Баба, со цел подобрување на условите за живот и обезбедување на долгорочна иднина за граѓаните.
„За Гази Баба и за Скопје, најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.
октомври 2, 2025