Connect with us

Ракомет

Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби

Ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Скопје над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 31-28 во големото македонско дерби во рамки на петтото коло во ракометната Супер лига.

Вардар 1961 имаше предност на полувремето од 16-14, а со серија од 4-1 во продолжението поведе со 25-22 во 45 минута, не реализирајќи потоа пенал и две идеални шанси за зголемување на водството.

Сепак, Вардар ја зачува предноста до крајот на натпреварот и дојде до првиот триумф над големиот ривал по серијата од четири последователни порази во меѓусебните дуели.

Крилото на Еурофарм Пелистер,Манасков, со девет голови беше најефикасен на натпреварот, а голманот на Вардар,Валох,запиша девет одбрани.

Натпреварот донесе тензична атмосфера на паркетот, но и инциденти на трибините поради кои првото полувреме беше прекинато во 23 минута, кога во салата влегоа навивачите на битолскиот клуб.

Кратко потоа на теренот беа фрлени предметни, а кон една од трибините и пиротехнички средства.

Полувремето продолжи по пет – шест минутен прекин.

Со оваа победа Вардар 1961 го задржа максималниот ефект во новата сезона и води на табелата со 10 бодови, додека Еурофарм Пелистер е четвртопласиран со три бодови помалку.