Connect with us

Кошарка

Мекиќ: Ништо не е загубено, но мора сите да се погледнеме во огледало

Поразот од Кипар (75:85) синоќа во Скопје за македонските кошаркари беше непријатен особено што противникот победата ја обезбеди во последната четвртина. Разочарувањето во македонскиот табор е големо, особено што се најавуваше победа на домашен терен.

– Честитки за Кипар за победата. Се покажа дека повеќе го сакаа резултатот од нас. Влегоа поенергично и во нападот и во одбраната, не натскокаа на наш терен. Ништо не е загубено, но мора сите да се погледнеме во огледало, секој сам за себе, и во следните два натпревара да покажеме повеќе енергија и доминантна игра за да стигнеме до посакуваната цел. Секако дека имаме квалитет да победиме со десет поени разлика, иако е многу. Не е недостижен резултат. Знаеме дека имаме квалитет, искрено мислам дека сме доста поквалитетни од Кипар. Но, тоа мора да го покажеме на терен. Пристапот ќе биде клучен на следните дуели за позитивен резултат, изјави репрезентативното крило Адем Мекиќ.

Следниот натпревар македонската репрезентација го игра на домашен терен против Австрија на 25.февруари 2027 година, а три дена подоцна е дуелот со Кипар на гостински терен.

Ad
Ad