Connect with us

Сервисни информации

За викендот времето ќе биде облачно и врнежливо со дожд на пониските и снег на повисоките места

Во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо – информираат од УХМР. 

Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места.

Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

Ad
Ad