Connect with us

Свет

Макрон изјави дека кратењата во европскиот буџет се стратешка грешка

Европската Унија прави стратешка грешка со предложените кратења на својот иден буџет, предупреди синоќа францускиот претседател Емануел Макрон на самитот во Брисел.

– Ќе се соочиме со пад на европските јавни инвестиции во споредба со Кина и САД-нагласи Макрон, пренесе весникот „Фигаро“.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претстави нов предлог за долгорочниот буџет (МФФ) на Европската Унија за периодот 2028 – 2034 година, со кој е предвидено намалување од 204 милијарди евра, односно околу 10 проценти во однос на првичниот предлог на Европската комисија, со воведување нови извори на приходи, вклучувајќи данок на големите дигитални компании, за да се обезбеди финансирање на приоритетите на Унијата, а националните придонеси на земјите членки да се задржат на прифатливо ниво.

Ad
Ad