Connect with us

Свет

Би-Би-Си под истрага поради наводи за антисемитизам и дискриминација

Советникот на британската влада за антисемитизам, лорд Џон Ман, објави дека ќе покрене официјална истрага против британскиот јавен сервис Би-Би-Си, поради обвинувања дека не обезбедува соодветна заштита на еврејските вработени и дека постои институционална култура на дискриминација во таа медиумска куќа.

Ман, кој од 2019 година служи како независен советник на британската влада за борба против антисемитизмот, веќе ја потврди оваа одлука во интервјуа со британските медиуми и во официјално писмо до менаџментот на Би-Би-Си, а формално ќе ја презентира вечерва во говор во синагога во Манчестер.

Според неговите зборови, сведочењата на вработените укажуваат дека постои „институционална култура во Би-Би-Си што подразбира дека од Евреите се очекува да го оправдаат своето постоење, идентитет и начинот на кој ја дефинираат својата припадност кон јудаизмот“.

Ad
Ad