Connect with us

Скопје

Засилени инспекциски контроли на територијата на Општина Бутел, проверки на објекти, тераси и сообраќајни прекршоци

Општина Бутел информира дека во текот на денот се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на општината, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи.

Под засилен инспекциски надзор, како што информираат, се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи.

– Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини – информираат од Општина Бутел.

Засилените контроли, како што најавуваат, ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи.

– Во Општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани, се вели во соопштението.

Ad
Ad