Connect with us

Вести

Митева го осуди насилството врз девојката од Охрид: Очекувам итно дејствување од Обвинителството

Остро и недвосмислено го осудувам насилството врз младата девојка во Охрид, порача Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ и портпаролка на Владата. 

Во објава на Фејсбук таа повика Јавното обвинителство да дејствува итно, случајот да биде расчистен и да резултира со правда. 

-Очекувам Јавното обвинителство да дејствува итно, без одолговлекување. Случајот мора целосно да се расчисти и да има правда! Насилството е недозволиво, нема оправдување, ниту смее да има премолчување или релативизирање, напиша Митева на својот фејсбук-профил. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека СВР Охрид  поднел кривична пријава против 31-годишниот охриѓанец К.К., кој ја претепал девојка си и ѝ нанел тешки телесни повреди.

Според информациите на МВР,  на 15 ноември околу 2 часот, по претходна расправија, која почнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од Охридско.

-И откога го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди – информира МВР.

Биле преземени мерки и набргу по настанот, во 5.05 часот, К. К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По барање на ОЈО, Основниот суд во Охрид донел решение и му изрекол мерки на претпазливост.

Ad
Ad