Сцена
Принцезата Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе се појават на доделувањето на наградата „Earthshot“ во Индија
Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, вчера пристигнаа во Мумбаи каде што ќе учествуваат на годинашната церемонија на доделување на наградата „Earthshot“. За време на тридневната посета, тие ќе присуствуваат на неколку настани кои ќе се одржат во Мумбаи.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон откри дека ова ѝ е прво подолго патување по откривањето на болеста и лекувањето.
– Ова ми е прво поголемо и понапорно патување во странство откако ја завршив хемотерапијата. Иако болеста моментално е во ремисија и понатаму имам последици од неа, изјави Мидлтон.
Церемонијата за доделување на наградата „Earthshot“ е започната во 2020 година од страна на принцот, со цел да се најдат решенија за климатските промени. Наградата се доделува секоја година на петмина победници кои добиваат по еден милион фунти за развој и унапредување на своите проекти.
Според портпаролот на кралската двојка, доделувањето на оваа награда значи замена на песимизмот со можности.
На свечената церемонија утре ќе се појават многу познати личности, меѓу кои актерот Рами Малек и британската поп група „Take That“, која открива дека за првпат ќе настапи во Индија.
За време на тридневниот настан, кралската двојка во среда ќе се сретне и со индискиот премиер Нарендра Моди, што според нивниот портпарол, е од голема важност за билатералните односи меѓу двете држави, во области како што се одбраната и технологијата на меѓународниот пазар.
Меѓу другото, двојката ќе се појави и на спортски, филмски и модни настани.
ноември 16, 2026


