Connect with us

Ракомет

Еурофарм Пелистер поразен од ГОГ Гудме

Данскиот вицепрвак ГОГ Гудме го надигра македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, со аплауз и со два бодови замина од Битола.

Конечниот резултат од 31:28 е реален однос на силите, иако во првото полувреме постоеше искра надеж дека со помош на осмиот играч „чкембарите“, битолчани ќе слават. Данската ракометна школа дојде до израз во второто полувреме кое почна израмнето 14:14, а заврши со сигурна победа на гостите.

Триумфот на ГОГ Гудме го донесоа Фредрик Бјери со 13 и Хјалте Лике со 9 постигнати голови, додека во домашниот тим со својата прецизност  доминираа Манасков со 9 и Кузмановски со 8 голови, недоволно за втора победа на Еурофарм Пелистер во европската Лига на шампионите.