Сцена
Познатата сцена со Гослинг за Ема Стоун се претворила во вистински кошмар: Знаев дека ќе ја снимаме сцената од „Валкан танц“, но не знаев дека имам страв од височина
Ема Стоун не знаела дека има страв од височина сè додека за време на снимањето на филмот „Луда, глупава љубов“ од 2011 година, Рајан Гослинг не ја подигнал над глава во сцената инспирирана од култниот филм „Валкан танц“. Она што требало да биде романтичен филмски момент за актерката се претворило во вистински кошмар.
Дури во тој момент сфатила дека има силен страв од височина по што морала да го напушти снимањето за да се смири.
– Знаев дека ќе ја снимаме сцената од „Валкан танц“, но не знаев дека имам страв од толку мала височина, изјави Стоун во емисијата „The Graham Norton Show“.
Според информациите од „Vijesti.me“, актерката признала дека доживеала вистински нервен слом и дека ѝ било потребно време да закрепне.
– Навистина премногу се уплашив. Ми требаше време да се смирам. Мојата реакција беше последица од лошото искуство за време на часовите по гимнастика каде што ги скршив рацете, призна Стоун, истакнувајќи дека морале да ангажираат дублерка да ја заврши сцената.
Овој инцидент открива и една од карактеристиките по кои актерката е препознатлива, подготвеноста отворено да зборува за сопствените несигурности и стравови, дури и кога тие ќе ја изненадат.
– Отсекогаш сум била многу чувствителна личност, изјавила Стоун во една пригода за порталот „The Talks“.
На прашањето дали отсекогаш била таква, рече дека е иста откако знае за себе.
– Дефинитивно, да. Со тек на годините научив на своите емоции и несигурности да не гледам само како на слабост, туку и како на нешто што може да ми помогне во професијата. Емпатија и личните искуства често влијаат врз начинот на кој ги градам ликовите, а многу од улогите што ги избирам отвораат прашања за идентитетот, созревањето и односот на поединецот кон општеството, призна Стоун.
Сето ова можела да го долови преку филмот „Кутри суштества“ толкувајќи ја главната улога на Бела Бакстер.
– „Кутри суштества“ беше одлична можност да го доловам сето тоа преку ликот на Бела Бакстер, жена која го открива светот и се обидува да го пронајде сопствениот пат не прифаќајќи ги правилата наметнати од општеството, откри Стоун, истакнувајќи дека, иако станува збор за необичен и ексцентричен лик, темите за слободата и самостојноста што ги истражува филмот не ѝ се туѓи.
ноември 16, 2026


