Ракомет
Вардар го доби дербито со Алкалоид и го задржа максималниот ефект
Вардар славеше против Алкалоид со 36-31 и остана перфектен, има десет победи во исто толку одиграни натпревари, за Алкалоид ова е втор пораз, има осум победи.
Фадухил со 11 гола од исто толку обиди беше прво име кај Вардар, зад него беше Воркапиќ со шест погодоци.
На другата страна Никола Костески запиша осум погодоци од исто толку обиди, додека Марко Митев беше стрелец на седум гола.
Во следното коло, Алкалоид игра уште едно дерби против Пелистер на домашен терен.
На последната средба Струга на домашен терен славеше против Куманово со 27-23.
ноември 15, 2026


