Свет
Полиција: На протестите во Франција учествуваа 106.000 демонстранти
Според полицијата на денешните протести во Франција учествувале 106.000 луѓе, а судири помеѓу полицијата и демонстрантите имаше во Париз, Лион, Бордо и Нант.
Во Париз демонстрантите стигнаа до нивната крајна дестинација Плоштадот на нацијата без поголеми инциденти, а таму мала група почна да фрлаа разни предмети кон полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека до 17 часот приведени се 121 демонстрант, од кои 22 во Париз.
Додека француското МВР тврди дека на денешните протести ширум Франција учествувале 106.000 луѓе од кои 24.000 во Париз, според Синдикатот на младите протестирале 200.000 лица.
Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека очекуваат од 50 до 60 собири ширум земјата, за што беа ангажирани 70.000 полицајци и жандарми, како и за претходните три демонстрации, што почнаа на 24 октомври.
На денешните протести учествуваа младите, Движењето Жолти елеци, активистите против насилство над децата и адолесцентите, како и активистите за заштита на климата. Демонстрантите бараат поголеми плати, зголемување на средствата за образование, како и поголема заштита на децата и адолесцентите и животната средина.
ноември 15, 2026


