Connect with us

Фудбал

Анчелоти го критикуваше судијата по поразот на Бразил од Јапонија: Тој нема доволно искуство за вакви натпревари

Во пријателски фудбалски натпревар одигран денес во Каланг (Сингапур), репрезентацијата на Јапонија го совлада Бразил со 3:2. Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по мечот упати критики на адреса на сингапурскиот судија Јансен Фу Чуан Хуи.

Во судиското надополнување италијанскиот тренер доби црвен картон. Според Анчелоти, судијата го исклучил од игра затоа што не ги спречил претставниците на тимот да влезат на теренот.

-Почнавме добро, тимот беше избалансиран. Потоа изгубивме неколку противнички напади и малку го изгубивме темпото. Примивме два гола, но успеавме да реагираме. Игравме со интензитет, имавме добар ритам и можевме да победиме. Штета што заврши вака. Не сакам да губам, но мора да ги погледнеме добрите работи што ги направивме. Неколку играчи дебитираа за националниот тим и ги покажаа своите квалитети. Одлуките на судијата влијаеја на исходот. Ова е натпревар на високо ниво, а тој нема искуство да се справи со вакви натпревари, изјави Анчелоти за „Глобо Еспорте“.

Такесфуса Кубо (15.минута), Кеито Накамура (19) и Тацухиро Сакамото (90+1) беа стрелци за Јапонија.

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, постигна два гола (33. и 75. минута)  за Бразил.

Ad
Ad